Свет Балкан Енгал: Косово да формира специјален суд или ОН ќе го направат тоа

Енгал: Косово да формира специјален суд или ОН ќе го направат тоа

Американскиот конгресмен Елиот Енгал уште еднаш ги повика косовските власти да го основаат специјалниот суд, без разлика што одлуката е тешка, затоа што, во спротивно, тоа ќе биде суд на Обединетите нации.

– Не станува збор за тоа дали ќе има специјален суд или не. За мене, прашање е дали ќе биде специјален суд или суд на ОН. Ако не биде специјален, тоа ќе биде суд на ОН и по тоа прашање не верувам дека Косово ќе добие фер третман. Постојат многу проблеми околу ОН и иако мислам дека Косово треба да биде членка на ОН, сепак е блокирана поради Србија и Русија. Тоа е погрешно и не е фер… ОН не се фер кога станува збор за Косово, но верувам дека тоа е алтернатива на специјалниот суд, доколку одлуката не се донесе на Косово. Според мене, тоа е голем проблем за Косово – рече Енгал во обраќањето во косовскиот парламент по повод 25-годишнината од усвојувањето на Уставната декларација од 1990 година.