Дописници Емилија Стефанџиевска од Битола победи на државниот натпревар „Вешта жена“

Емилија Стефанџиевска од Битола победи на државниот натпревар „Вешта жена“

Емилија Стефанџиевска од Битола го освои првото место на манифестацијата „Вешта жена“, вчеравечер. Манифестацијата на која се натпреваруваа жени од целата земја се одржа во ресторанот во манастирискиот комплекс во тетовското село Лешок.

Стефанџиеска на 25. издание на оваа манифестација – кулинарски натпревар, се претстави со разни домашни специјалитети, а нејзината маса беше насловена „Патот кон богатството“.

На финалната манифестација во Лешок учествуваа победничките од регионалните натпревари „Вешта жена“, што се одржуваа во 15 градови на Македонија.