Македонија Емил Димитриев ќе биде премиер на преодната влада?

Емил Димитриев ќе биде премиер на преодната влада?

Актуелниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев, ќе бил новиот премиер, кој ќе дојде на чело на преодната влада откако ќе биде активирана оставката на Никола Груевски, објави вечерва порталот „Прес 24“, повикувајќи се на свои извори во владејачката партија.

Сепак, од ВМРО-ДПМНЕ засега ниту ја потврдуваат ниту ја демантираат оваа информација.

Според неофицијалните информации на порталот, одлуката Димитриев да биде на чело на преодната влада, била донесена на седницата на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, одржана вечерва.

Премиерот Никола Груевски, во вечерашното обраќање до јавноста соопшти дека утре до претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, ќе ја депонира оставката на функцијата премиер, која ќе биде активирана 100 дена пред официјалниот датум на изборите.