Свет Еквадор: Тринаесет загинати при несреќа на градилиште

Еквадор: Тринаесет загинати при несреќа на градилиште

Тринаесет лица загинаа, а 12 се повредени кога на градилиштето на најголемиот инфраструктурен објект во Еквадор се урна дел од градбата.

Кинеската амбасада во главниот град на Еквадор, Квинто, потврди дека во несреќата на градилиштето во хидроцентралата „Кока кодо синклер“ загинаа 10 државјани на Еквадор и тројца кинески работници.

Хидроцентралата, вредна две милијарди долари, со моќност од 1.500 мегавати, ја гради кинеската компанија „Синохидро“.
Меѓу повредените работници, двајца се во тешка состојба, се наведува на веб-страницата на кинеската амбасада.

Претседателот на Еквадор, Рафеал Корера, на социјалната мрежа „Твитер“, изрази сочувство на семејствата на загинатите.