Свет Свет Еквадор: Се урна воен авион, 22 лица загинаа

Еквадор: Се урна воен авион, 22 лица загинаа

Дваесет и две лица загинаа при пад на еквадорски воен авион, соопшти претседателот на Еквадор, Рафаел Кореа.

„Нема преживеани. Ова е трагедија“, напиша Кореа на „Твитер“.

Несреќата се случила во Амазонската Прашума, а во авионот се наоѓале 19 подобранци, два пилота и еден механичар.