Свет Екстремистите на ИСИС од Турција го нападнаа Кобане

Екстремистите на ИСИС од Турција го нападнаа Кобане

Офанзивата на исламистите почнала со самоубиствен напад во кој учествувало едно оклопно возило

Од Турција, екстремистите на Исламската држава го нападнале сирискиот град Кобане. Нападот се случил рано утринава.

– Ова е прв таков напад во повеќемесечната опсада на тој град на границата меѓу двете држави, соопштиле сириски функционери.

Офанзивата на исламистите почнала со самоубиствен напад, во кој учествувало едно оклопно возило, на самиот граничен премин, а вториот бомбаш-самоубиец, кој носел појас со експлозив, подоцна, го активирал на истото подрачје .