Хроника Експлозија во зграда во Куманово, нема повредени

Експлозија во зграда во Куманово, нема повредени

Експлозија вечерва во 18 часот одекнала во зграда на кумановскиот булевар Октомвриска револуција. Според првичните информации, причина за експлозијата била плинска боца. Нема повредени, но е причината материјална штета.

Од експлозијата искршени се прозорците и на соседните згради.

На местото на експлозијата се наоѓаат единици на противпожарните служби и на брзата помош, а припадниците на СВР Куманово вршат увид.