Свет Европа Експлозија во центарот на Истанбул, има и жртви

Експлозија во центарот на Истанбул, има и жртви

Центарот на Истанбул денеска го потресла експлозија во која има жртви, објави новинската агенција „Доган“.

Експлозијата се случила на централниот плоштад Султанахмет, што е туристичка атракција во Истанбул.

Сведоците изјавиле дека слушнале силна експлозија, а наводно била предизвикана од бомбаш-самоубиец. Телевизијата „Си-Ен-Ен Турк“ ги објави снимките на кои се гледа како на местото стигнуваат полиција и брза помош.

Причината за експлозијата сè уште не е позната.