Свет Европа Експлозија во близина на воен објект на НАТО во Турција

Експлозија во близина на воен објект на НАТО во Турција

Послаба експлозија одекна утринава во близина на воен објект на НАТО во провинцијата Измир, во западниот дел на Турција, објавија турските медиуми.

Како што се наведува, во експлозијата е оштетен ѕид во близина на воен објект на НАТО, но во инцидентот никој не е повреден.

Полицијата ја обезбедила областа и ја истражува причината за несреќата.