Македонија Експлозија во близина на СВР Скопје

Експлозија во близина на СВР Скопје

Експлозија ноќеска одекнала во близина на зградата на Секторот за внатрешни работи Скопје, во населбата Аеродром.

Инфромацијата за „Мета“ ја потврдија од СВР Скопје, од каде најавуваат повеќе детали за случајот во скоро време.

Според првичните неофицијални информации, најверојанот станува збор за детонација на експлозивна направа.

Во експлизијата, првично нема настрадани лица, а дел од медиумите јавуваат за оштетени автомобили.