Македонија Експлозија во близина на седиштето на ДУИ во Мала Речица

Експлозија во близина на седиштето на ДУИ во Мала Речица

Експлозивна направа синоќа била активирана во близина на седиштетото на ДУИ во тетовска Мала Речица.

Од експлозијата, која во полицијата била пријавена околу 21.50 часот, нема повредени ниту, пак, е причинета материјална штета на околните објекти.

Како што информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски, на коловозот каде детонирала бомбата имало кратер.

Полициски екипи веднаш излегле на местото на експлозијата да извршат увид. Се очекува во текот на денот во истрагата да се вклучи и јавен обвинител, за да се утврди видот на екплозивната направа.

З.Д.