Свет Свет Експлозија во близина на кинеската амбасада во Киргистан

Експлозија во близина на кинеската амбасада во Киргистан

Во близина на кинеската амбасада во Киргистан експлодирал автомобил при што загинал возачот, а три лица се ранети, соопшти министерството за здравство на Киргистан. Властите наведуваат дека станува збор за самоубиствен бомбашки напад.

Сведоци велат дека возачот на автомобилот се обидел да ја пробие капијата на амбасадата.

– Како резултат на експлозијата, загина само бомбашот самоубиец. Членови на обезбедувањето на амбасадата се ранети – рече потпретседателот на киргистанската влада, Јенис Разаков.

Вработените во кинеската амбасада и од американската амбасада која се наоѓа во близина, беа евакуирани, соопшти киргистанската служба за вонредни ситуации.

Извор во полицијата во Бишкек изјави дека автомобилот марка „мицубиши“ ја пробил капијата на амбасадата пред да експлодира во комплексот.