Свет Балкан Експлозија на северот на Митровица

Експлозија на северот на Митровица

Во експлозија што се случила на северниот дел на Митровица, оштетени се осум возила и причинета е материјална штета на околните згради, соопшти Жељко Бојиќ, шеф на оперативната косовска полиција на регионот. Во експлозијата, која се случила во 3.20 часот, нема повредени.

– Единиците веднаш почнале со пребарување на теренот и утврдиле дека е фрлена експлозивна направа на улицата Краљ Петар, во близина на таканаречената зграда „Вампируша“. Нема повредени лица, но настанала материјална штета на осум возила и на четири локали кои се наоѓале во приземјето на зградата – соопшти Бојиќ.

Пред истата зграда, пред неколку години експлодираше бомба и тогаш беа оштетени повеќе возила.