Свет Балкан Експлозија на бомба во Дијарбекир – четворица загинати и 14 повредени

Експлозија на бомба во Дијарбекир – четворица загинати и 14 повредени

Четворица полицајци загинале, а најмалку 14 лица се повредени во експлозија на бомба што денеска одекнала во градот Дијарбекир, во југоисточниот дел на Турција, со мнозинско курдско население, јавува „Би-би-си“, повикувајќи се на безбедносни извори.

Според информациите, бомбата детонирала во близина на автобуска станица во моментот кога на местото поминувало оклопно полициско возило.

Засега нема информации кој стои зад експлозијата.

Турските власти спроведуваат операции во регионот на Дијарбекир против милитантите на курдската работничка партија (ПКК), откако во јули, минатата година, пропадна договорот за прекин на огнот меѓу двете страни.