Економија Економските најави на Груевски од Куманово

Економските најави на Груевски од Куманово

Премиерот Никола Груевски, по неговиот реизбор за претседател на ВМРО-ДПМНЕ на Конгресот на партијата, ги најави следните чекори што ќе ги преземат како Влада за подобрување на економската состојба:

  • Ќе продолжат со напорите за отворање нови работни места и за намалување на невработеноста;
  • Работат и стојат зад ветувањето за отворање на 64.000 нови работни места за време на мандатот;
  • Од новиот проект „Македонија вработува“ има големи очекувања, смета дека ќе бидат вработени 20.000 лица;
  • Донесена е стратегија, а формиран е и посебен фонд кој ќе биде финансиска поддршка на иновациите. За ова Владата со помош на Светска банка обезбедила 8 милиони евра за почеток, за првите три години за фондот, како поддршка на идеите на иноваторите;
  • Овој месец ќе почне и изградбата на последната, од 14 планирани технолошко-индустриски развојни зони во Македонија, која ќе биде во Делчево. Наскоро ќе се донесат и закони за отворање на нови видови зони, како што се слободната здравствена и ИТ-зона.
  • Од септември ќе продолжат „роуд шоуата“ за привлекување странски инвеститори, а и понатаму ќе бидат ангажирани странски консултанти кои ќе им помагаат на домашни компании;
  • Ќе им помагаат на домашните компании да се поврзат со странските инвеститори во земјата, за да бидат нивни набавувачи.