Ctrl - Z ЕКО Еко-патролата издала 596 записници за непрописно оставен отпад

Еко-патролата издала 596 записници за непрописно оставен отпад

Беше спроведен зачестен патролен надзор на целокупната територија на скопските општини Ѓорче Петров, Аеродром, Центар и Чаир

Фото: ЈП Комунална хигиена

Еко-патролата на јавното претпријатие Комунална хигиена изготвила вкупно 596 едукативно-информативни записници кои им биле врачени на граѓани и на правни субјекти затекнати при непрописно одлагање отпад во реонот на сите скопски општини, информираат во претпријатието.

„Еко-патролата реализираше секојдневни дежурства на дваесетина локации каде што е забележано континуирано непрописно одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини. Беше спроведен зачестен патролен надзор на целокупната територија на скопските општини Ѓорче Петров и Аеродром, на улицата „Народен фронт“ во општината Центар, улицата „Војвода Васил Чакаларов“ во скопската општина Карпош, како и на булеварот „Македонско-косовска бригада“ и улиците „Џон Кенеди“, „Втора македонска бригада“, „Максут Садик“ – спроти Амбасадата на САД, „Јуриј Гагарин“ и „Славеј Планина“ – во непосредна близина на скопското Теќе, во скопската општина Чаир“, информираат оттаму.