Македонија Екипи на Град Скопје интервенираа во Доброште

Екипи на Град Скопје интервенираа во Доброште

Екипите на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје, со луѓе и со механизација, работат на терен за санација на штетите од невремето во село Доброште, Општина Теарце.

Во справувањето на последиците од невремето во тетовскиот регион, Штабот за заштита и спасување на Град Скопје активно се вклучи со повеќе од 100 луѓе, повеќе од 15 возила-цистерни и противпожарни возила и со друг вид механизација (пумпи за извлекување вода).