Свет Европа ЕК: Ситуацијата со мигрантите во Грција е ургентна

ЕК: Ситуацијата со мигрантите во Грција е ургентна

Ситуацијата во Грција, а особено на островот Кос, каде секојдневно стигнуваат голем број мигранти, е повеќе од ургентна и бара колективен европски одговор, изјави портпаролката на Европската комисија, Наташа Берто.

Таа на конференција за новинари во Брисел наведе дека ЕК внимателно го следи развојот на ситуацијата по приливот на голем број мигранти во Грција, но и во други земји.

Берто рече дека ЕУ е во постојан контакт со Грција за да утврдат како на најдобар можен начин може да се реши ситуацијата.

Според нејзините зборови, во Грција ќе бидат испратени тимови за обработка на големиот број барања за азил.

Грчката полиција соопшти дека испратила додатни полициски сили на островот Кос, затоа што таму се зголемува тензијата поради приливот на мигранти и на бегалци.