Македонија EK сè уште без датум за извештаите за кандидатите за членство

EK сè уште без датум за извештаите за кандидатите за членство

Европската комисија сè уште нема одредено датум кога ќе ги објави извештаите за напредокот на земјите-кандидатки за членство во ЕУ.

– Европската комисија вообичаено во овој период од годинава ги објавува извештаите за проширување. Ги објавуваме во момент кога знаеме дека со нивно усвојување и презентирање, ќе го добиеме целосното внимание на медиумите и на јавноста. Претседателот ќе го процени тој момент, во согласност со неговите критериуми и навремено ќе бидете информирани– рече Маргаритис Схинас.

Европската комисија првично најави дека извештаите ќе бидат објавен на 15 октомври, но подоцна на неодредено го одложи презентирањето поради самитот на лидерите на ЕУ, посветен на решавањето на бегалската криза, кој вчера и денеска се одржува во Брисел.