Свет Египќанка почина од птички грип

Египќанка почина од птички грип

Уште една Египќанка почина од птички грип, што е втор случај во последните 48 часа, јавуваат египетските медиуми.

Како што соопшти Министерството за здравство на Египет, станува збор за 30-годишна жена од провинцијата Минај, јужно од Каиро, која била во контакт со заразена живина.

Египетските власти вчера соопштија дена 19-годишна девојка која одгледувала живина починала од птички грип.