Свет Египет со подморница ги бара црните кутии од урнатиот патнички авион

Египет со подморница ги бара црните кутии од урнатиот патнички авион

Египетските власти ангажирале подморница во потргата по црните кутии со податоците за летот на авионот на „Египет ер“ кој во четвртокот се урна во Средоземното море, пренесуваат медиумите.

„Работиме напорно за да ги најдеме двете кутии“, изјавил египетскиот претседател Абдул Фатах ал-Сиси, во неговиот прв коментар во врска со несреќата, пренесува „Би-би-си“.

Египетскиот министер за цивилна авијација, како што пренесува британскиот национален сервис, рекол дека терористички напад е многу поверојанта варијанта за падот од техничка неипсравност, но Сиси навел дека утврдувањето на причините може да трае подолг период, додавајќи дека „сите сценарија се можни“.

Истражителите вчера соопштија дека бил детектиран чад на повеќе места во авионот, неколку минути пред тој да исчезне од радарот.