Свет Египет ќе гради нов град сличен на Дубаи

Египет ќе гради нов град сличен на Дубаи

Египет сака да го изгради вториот Дубаи. Според замислата, новиот град не само што ќе му биде соперник на најлуксузниот бизнис-центар во ОАЕ и во светот, туку и ќе ја намали пренаселеноста на Каиро.

Во градот Шарм ел Шеик денеска се одржа церемонија за потпишување договор со ОАЕ за изградба на новиот „административен главен град“ на Египет.

Градот ќе се наоѓа 45 километри источно од Каиро. Сега теренот таму е пустина, но за пет до седум години ќе може да се населат првите жители. Градот ќе биде со плоштина од 700 квадратни километри и ќе се поврзува со Каиро со модерна железница.

Проектот е вреден 45 милијарди долари.

Реализацијата на проектот ќе овозможи пет милиони луѓе да се преселат од Каиро во новиот град. Во новиот град ќе бидат изградени државни објекти, парламент, претседателска палата, дипломатски кварт, како и аеродром.