Свет Египет: Извештајот на ХРВ е политизиран

Египет: Извештајот на ХРВ е политизиран

Египетската влада го отфрли извештајот на „Хјуман рајтс воч“(ХРВ) за масовното кршење на човековите права и го окарактеризира како неточен и политизиран.

Меѓународната организација за човекови права „Хјуман рајтс воч“ со седиште во Њујорк, во понеделникот, по повод првата годишнина од владеењето на претседателот Абдел Фатах ал-Сиси, оцени дека е зголемено насилството на безбедносните сили и оти западните земји тоа го игнорираат.

Египетските власти затворија неколку илјади припадници на Муслиманско братство, по соборувањето на нивниот лидер и претседател на државата, Мохамед Морси, на 30 јуни 2013 година. Во исто време, безбедносните сили убија неколку стотици членови на партијата.