Свет Свет Египет: 400 мигранти се удавија во близина на африканскиот брег

Египет: 400 мигранти се удавија во близина на африканскиот брег

Повеќе од 400 илегални имигранти се удавија во Средоземно Море кога бродот со кој се обиделе да стигнат до брегот на Европа се превртел, јавува „Би-би-си“.

Според информациите на египетските власти, најголем дел од загинатите биле од Сомалија, а бродот кој пловел кон Италија се превртел во близина на африканскиот брег.