Дописници Едукативни работилници за штетноста на наркотиците во основните училишта во Охрид

Едукативни работилници за штетноста на наркотиците во основните училишта во Охрид

„Живеј здраво, живеј безбедно“ е мотото под кое СВР од Охрид, преку Одделението за превенција, ќе почне со реализација на проектот „Превенција од пороци“.

Со проектот се планира преку пауер поинт презентација и низ интерактивен пристап, во охридските основни училишта да се одржат низа едукативни работилници на тема: „Недозволена трговија со дрога“.

Проектот кој има превентивен карактер, почнува денеска со предавања што полициски службеници ќе ги реализираат во Основното училиште „Христо Узунов“.

Целта е подигнување на свеста кај децата за опасностите од пороците (цигари, алкохол и дрога) по нивното здравје, но и по општата безбедност во заедницата.

Покрај во Охрид, проектот ќе биде реализиран и во општината Дебарца.