Дописници Едномесечен притвор за стружанец за шверц на марихуана

Едномесечен притвор за стружанец за шверц на марихуана

Македонскиот државјанин Е.М. заработи кривична пријава поднесена до Основното јавно обвинителство во Струга, како и едномесечен притвор за шверц на марихуана.

Пријавениот на 9 октомври годинава со македонски автомобил се пријавил за влез во земјава на граничниот премин Ќафасан, кај Струга. При извршениот преглед, во багажниот простор под резервната гума биле пронајдени четири најлонски пакетчиња наполнети со зелена растителна материја.

Сите 12 пакетчиња што биле пронајдени во различни делови на автомобилот биле наполнети со марихуана со тежина од 2,5 килограми.

Осомничениот е предаден на судија на претходна постапка во Основниот суд во Струга, кој му одредил мерка притвор во траење од 30 дена.