Хроника Едно лице загина, а три се повредени во сообраќајка на патот Прилеп...

Едно лице загина, а три се повредени во сообраќајка на патот Прилеп – Крушево

Едно лице загина, а три се повредени во сообраќајна несреќа што денеска се случи на патот Прилеп – Крушево, во близина на селото Големо Коњари.

Несреќата се случила околу 19.15 часот, кога возилo, марка „венто“, од засега непознати причини, излетало од патот. Во несреќата на самото место починало 24-годишно момче од селото Славеј, Прилепско, а три лица со тешки повреди биле пренесени во прилепската болница.

Сообраќајот е во прекин, а полицијата врши увид на местото на несреќата.