Свет Европа Една деценија затвор за Русин кој планирал да убие чеченски дисидент во...

Една деценија затвор за Русин кој планирал да убие чеченски дисидент во Германија

Како што се наведува во пресудата, тој злосторството го подготвувал по налог на еден од роднините на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, кој е лојален на Владимир Путин

Извор на фотографија: Sven Hoppe/dpa

Врховниот покраински суд во Минхен вчера осуди руски државјанин на 10 години затвор за планирање на убиство на чеченскиот дисидент Мохмад Абдурахманов во Германија, пишува германската новинска агенција ДПА.

Баварскиот суд го осуди Валид К. бидејќи покажал намера да изврши убиство и подготвувал тешко дело на насилство што го загрозува државниот поредок.

„Ќе продолжам со политичката активност во Германија“, изјавил осудениот по изрекувањето на пресудата.

Како што се наведува во пресудата, тој злосторството го подготвувал по налог на еден од роднините на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, кој е лојален на Владимир Путин.

Според сознанијата на судот, осудениот помеѓу март и јуни 2020 година примил наредба да убие дисидент. Набавил гасен пишол, го претворил во огнено оружје и ангажирал едно машко лице за да изврши убиство.

Двајцата во декември истата година ја следеле жртвата во Швабминхен во округот Аугсбург. Убиството го планирале со „знаење, одобрување и интерес“ на Кадиров, изјавил претседателот на судскиот совет Кристоф Визнер.

Обвинителството на крајот на јуни побара за обвинетото лице 11 години затворска казна.

Случајот потсетува на убиство на грузиски државјанин во Берлин во 2019 година, поради кој еден Русин на крајот на 2021 година е осуден на доживотен затвор. Москва тогаш ја отфрли пресудата за „државен тероризам“, која ја зголемила напнатоста во односите.