Свет Балкан Едмонд Темелко третпат ќе се кандидира за градоначалник на Пустец

Едмонд Темелко третпат ќе се кандидира за градоначалник на Пустец

Едмонд Темелко третпат ќе бара доверба од граѓаните за мандат на градоначалник на општината Пустец.

Платформата со која Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) ќе оди на изборите останува непроменета, односно унапредување на правата на македонското малцинство во Албанија, изучување на македонскиот јазик на целата територија на Република Албанија, соодветна застапеност во администрацијата, вложување во инфраструктурата во регионите каде живеат Македонците и подобрување на нивната економска положба.

Темелко, нов мандат ќе бара во коалиција со Социјалистичката партiја на премиерот Еди Рама.

МАЕИ на овие локални избори на 21 јуни излегува со листи на советници во повеќе општини и со една кандидатура за градоначалничко место.