Свет Свет Единаесет лица исчезнаа во кањонот Итон

Единаесет лица исчезнаа во кањонот Итон

Кањонот Итон

Американските спасувачи трагаа по најмалку десетина планинари од една црковна група кои се упатиле во прошетка во Јужна Калифорнија, но не се вратиле дома, јавува „Фокс њуз“.

Десеттина млади, на возраст од 14 до 30 години, во неделата наутро се упатиле во кањонот Итон. Нивното враќање било очекувано навечер, но не се вратиле, по што е информиран локалниот шериф.

Спасувачите во понеделникот наутро тргнале во потрага по најмалку 11 лица, колкава што била групата планинари.