Свет Балкан Еди Рама во болница во Шведска?!

Еди Рама во болница во Шведска?!

Албанскиот премиер Еди Рама е тешко болен, па поради тоа денеска отпатувал во клиника во Шведска, пишуваат албанските медиуми.

Според некои од нив, Рама  е во позната шведска клиника поради проблеми со белите дробови.

Други медиуми шпекулираат дека ненадејното заминување на Рама во Шведска отворило многу сомнежи.

Како што пишуваат медиумите во Албанија, Рама попладнево на својот профил на „Фејсбук“ напишал: „Сега сум во Стокхолм на средба со шведските амбасадори од регионот и од неколку други земји во врска со новата динамика на нашата надворешна политика“.