Свет Балкан Еди Рама нападнат со јајца во Тирана

Еди Рама нападнат со јајца во Тирана

Припадници на приштинското движење Самоопределување го погодија автомобилот на албанскиот премиер Еди Рама со јајца во Тирана, за што повеќе лица се уапсени.

Како што пренесуваат приштинските медиуми, уапсени се осум лица, од кои најмалку четворица се припадници на радикалното опозициско движење од Косово.

Припадниците на Самоопределување, како што наведуваат албанските медиуми, оваа акција ја извеле во знак на протест поради законот за високо образование. Во Тирана студираат голем број Албанци од Косово, а меѓу нив има и припадници на Самоопределување.