Свет Балкан Еди Рама му честиташе на Доналд Трамп

Еди Рама му честиташе на Доналд Трамп

Албанскиот премиер Еди Рама му ја честиташе победата на новиот американски претседател Доналд Трамп. Тој изјави дека денеска американскиот народ го направил својот избор, иако тоа не е Хилари Клинтон која е голем пријател на Албанија, Косово и на сите Албанци.

– Нејзиниот ривал Доналд Трамп беше избран за претседател убедливо од Американците. Му честитам на победата и сум убеден дека нашите стратешки односи со САД ќе продолжат да се развиваат како и досега, во интерес на заедничките вредности – изјави Рама.