Свет Балкан Еден загинат во експлозија на аеродром во Истанбул

Еден загинат во експлозија на аеродром во Истанбул

Едно лице загина, а друго е повредено во експлозија на истанбулскиот аеродром „Сабих Гукчен“, јавуваат турските медиуми.

Експлозијата, за која сè уште не се знае причината, повредила две хигеничарки, од кои едната добила потешки повреди во пределот на главата и подоцна им подлегнала на раните, а другата имала повреди на рацете.

Авиокомпанијата „Пегасус“ соопшти дека инцидентот се случил околу 2.05 часот, кога немало патници во близина и оти сите активности на аеродромот веднаш се нормализирале.

Турските медиуми јавуваат дека по експлозијата на сите влезови на аеродромот се поставени полицајци вооружени со пушки и со заштитна опрема, а се пребаруваат и сите автомобили во близина.