Свет Европа Еден убиен, осуммина повредени во напад со нож во трговски центар во...

Еден убиен, осуммина повредени во напад со нож во трговски центар во Полска

Најмалку едно лице загина, а други осум се повредени попладнево, кога 27-годишник вооружен со нож нападнал купувачи во трговскиот центар „Виво!“ во градот Сталова Воља во југоисточниот дел на Полска.

Повеќето од повредените се здобиле со исеченици.

Според полицискиот портпарол Анджеј Виршина, инцидентот се случил околу 15 часот во најголемиот трговски центар во градот, кога вооружениот маж од зад грб нападнал осуммина купувачи во продавницата.

Полицијата успеала да го совлада и упаси напаѓачот, кој е идентификуван како 27-годишниот локален жител по име Конрад К.