Свет Балкан Еден починат и над 20 повредени во пукање во локал во Приштина

Еден починат и над 20 повредени во пукање во локал во Приштина

Поради кршење чаши и шишиња, повредени биле тројца мажи и 14 жени. Еден осомничен маж е во бегство

фото: Полиција на Косово

Едно лице починало, а четворица се здобиле со прострелни рани во инцидент што синоќа се случил во Приштина, пренесува Kossev.info.

Во пукањето што се случило во локал во косовскиот главен град, повредени се над 20 лица.

На синоќешниот конфликт му претходела расправија меѓу неколку мажи, по што било употребено и огнено оружје.

Четири лица се здобиле со физички повреди и биле хоспитализирани во Клиничкиот центар во Приштина. Поради кршење чаши и шишиња, повредени биле уште тројца мажи и 14 жени, пренесува Kossev.info.

Без да изнесе повеќе детали, косовската полиција соопшти дека еден осомничен маж е во бегство.