Македонија Еден македонски државјанин убиен, а еден ранет во пукање во Ханиоти, Грција

Еден македонски државјанин убиен, а еден ранет во пукање во Ханиоти, Грција

Фото: David von Diemar on Unsplash

Македонски државјанин е убиен, а друг ранет во грчкото туристичко место Ханиоти на Халкидики. Според пишувањето на грчките медиуми, маскирани лица дошле во изнајмената куќа каде што престојувале македонските државјани и почнале да пукаат. Едниот, на возраст од 39 години бил убиен на лице место, а другиот, на возраст од 45 години, бил ранет и пренесен во болница.

Грчката полиција соопшти дека убијците веднаш го напуштиле местото на злосторството и се уште се во бегство.

Неофицијално, убиениот бил сопственик на казино во земјава, а убиството се поврзува со пресметки во македонското подземје.