Главна секција ЕБРД со посилна поддршка за економиите во двете земји по ратификацијата на...

ЕБРД со посилна поддршка за економиите во двете земји по ратификацијата на Договорот

Претседателот на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), Сума Чакрабарти упатил писмо со честитки до двајцата премиери, Зоран Заев и Алексис Ципрас за ратификацијата на Договорот од Преспа во парламентите на двете земји, оценувајќи го влегувањето во сила на овој важен Договор со преостанатите процедури, како важен влог во стабилноста и економските перспективи на двете земји, во регионот и Југоисточна Европа.

„Дозволете ми уште еднаш да ја реафирмирам силната посветеност на ЕБРД во поддршка на економиите на вашите земји и да ја изразам нашата подготвеност да ја интензивираме воспоставената соработка во интерес на соседните земјите и поширокиот регион“, стои меѓудругото во писмото.

Чакрабарти наведува дека Договорот од Преспа треба да ја зголеми довербата на инвеститорите и да ги отвори можностите за нови прекугранични проекти и регионална интеграција.