Македонија ДЗС: За 3.418 лица е помал бројот на живородени деца од бројот...

ДЗС: За 3.418 лица е помал бројот на живородени деца од бројот на починати

Детска градинка „13 Ноември“ | Фото: Архива на Мета.мк

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2022 година, живородени се 4.009 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е зголемен за 2,9 oтсто, информираат оттаму.

„Во првото тримесечје од 2022 година, умреле 7.427 лица, а од нив 12 се умрени доенчиња, што претставува зголемување од 7,2 отсто во споредба со истото тримесечје од 2021 година. Природниот прираст е -3.418, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица“, стои во соопштението од Заводот.

Во ова тримесечје од годината се склучени 2.468 бракови, а нивниот број е намален за 8,4 отсто во споредба со истиот период од 2021 година. Во ова тримесечје се добиени 459 извештаи за разведените бракови.