Економија ДЗС: Просечната нето-плата во јуни се зголеми за 10,9 отсто

ДЗС: Просечната нето-плата во јуни се зголеми за 10,9 отсто

Фото: Порталб.мк, Суад Бајрами

Според последните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС), во јуни годинава просечната нето-плата по вработен достигна 31.869 денари, што е за 3.125 денари повеќе од лани истиот месец, информираат од ДЗС.

Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека зголемувањето на просечната месечна нето-плата за 10,9 отсто во јуни годинава, се должи првенствено на растот на платите во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна каде што е регистриран раст на нето-платата од 23,1 отсто, Уметност, забава и рекреација со 17,5 отсто раст на просечната нето-плата и во секторот Трговија на големо и трговија на мало растот на просечната месечна нето-плата е 16 отсто.

Ваквиот тренд на континуирано зголемување на просечната нето плата во земјата е резултат на економските мерки и политики што ги спроведува Владата за раст на просечната и на минималната плата која изнесува 18.000 денари.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јуни 2022 година, изнесувала 47.634 денари.