Дописници Дводневна конференција за правото на азил на мигрантите

Дводневна конференција за правото на азил на мигрантите

Конференцијата насловена „Пристап до право на азил и формално/неформално враќање на мигранти/бегалци“ се одржува денеска и утре во Охрид, како дел од проектот за подобрување на системот на правна заштита во врска со азилот. Организатори на собирот се Народниот правобранител и Високиот комесаријат за бегалци на ООН од канцеларијата во Скопје, во чие име учесниците ги поздравија народниот правобранител на Република Македонија, Иџет Мемети, и претставникот на комесаријатот, Мохамад Ариф.

Во текот на двата дена на конференцијата ќе има четири панел-дискусии на кои ќе се разговара за пристапот до правото на азил, за искуствата на надлежните институции во Република Македонија и за други теми поврзани со мигрантите. Меѓу другите, на панел-дискусиите ќе говорат омбудсманите на Албанија, Игљи Тотозани, на Бугарија, Свилена Игнатова, заменик-омбудсманот на Србија, Милош Јанковиќ, на Хрватска, Лора Видовиќ, омбудсманите на Босна и Херцеговина, Јасминка Џумхур, на Црна Гора, Шуќко Баковиќ, на Косово, Хилми Јашари, како и заменик-омбудсманот на Словенија, Иван Шелих.

На настанот ќе говорат и претставници на Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјална политика, како и професори од Факултетот за безбедност во Скопје.