Свет Балкан Две силни експлозии во центарот на Тирана

Две силни експлозии во центарот на Тирана

Во две силни експлозии во центарот на Тирана, урната е аптека, демолиран е еден стан и искршени се прозорците на околните објекти, но никој не е повреден, соопшти албанската полиција.

Во првата од двете детонации, во рок од 25 минути, уништен е објект во сопственост на министерот за внатрешни работи, Саимир Тагири, и стан на висок претставник на албанската полиција.

Албанскиот премиер Еди Рама го опиша денешниот инцидент во Тирана како „координиран акт на тероризам“.

Полицијата во Тирана деактивираше и трета експлозивна направа, за која добила телефонска дојава. Засега никој не ја презема одговорноста за експлозиите.
.