Дописници Две лица повредени со нож во казиното „Адмирал“ во Охрид

Две лица повредени со нож во казиното „Адмирал“ во Охрид

Утрово полицијата го приведе и го лиши од слобода Б.Д. (35) од струшкото село Ливада.

Приведениот е под сомнеж дека ноќеска, како учесник во нарушувањето на јавниот ред и мир во казиното „Адмирал“ на улицата Партизанска во Охрид, тешко повредил две лица.

Тој употребил нож со кој ги повредил Н.М. (34) во пределот на градниот кош и Е.М. (35), кому му нанел два убоди во пределот на слабината и на грбот.

Повредените лица со возило од брза помош биле пренесени во охридската Општа болница, каде се задржани за понатамошно лекување.

Веднаш по нападот, сега приведениот избегал со патничко моторно возило „голф“ со струшки регистарски таблички.

Денеска, по консултации со јавен обвинител, СВР од Охрид против Б.Д. ќе поднесе соодветна кривична пријава.