Хроника Две лица осомничени за серија кражби во автомобили во Скопје

Две лица осомничени за серија кражби во автомобили во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје поднел известување до Основното јавно обвинителство Скопје за 19-годишниот А.В. од Кавадарци и 17-годишниот Р.М. од Скопје поради сомневање дека извршиле вкупно 59 кривични дела, од кои 16 тешки кражби, 42 обиди за тешка кражба и едно кривично дело одземање моторно возило, соопшти МВР.

Пријава е поднесена и против 24-годишниот Е.Х., кој се товари за прикривање.

Според полицијата, двајцата првоосомничени сите кражби и обиди за кражби ги извршиле во автомобили, кон крајот на мај и на почетокот на јуни годинава, во населбите Кисела Вода и Аеродром.

Дел од украдените предмети ги продале на Е.Х., кој и покрај тоа што знаел дека предметите потекнуваат од кривични дела, ги препродал на трети лица за повисока сума.

Со извршување на кривичните дела, пријавените стекнале противправна имотна корист од околу 126.500 денари, односно околу 2.000 евра, велат од полицијата.