Македонија Две дози вакцини до сега примиле 35 отсто од вкупната популација во...

Две дози вакцини до сега примиле 35 отсто од вкупната популација во земјата

Фото: Мета.мк

Во државата до сега две дози вакцина примиле околу 35 отсто од целата популација, соопшто Министерството за здравство. Ако се земат предвид само полнолетните граѓани над 18 години овој процент се качува на 44 отсто.

Инаку, вчера биле ставени 3.845 дози вакцини, од кои 958 прва доза, 2.813 втора и 74 трета доза вакцина против ковид-19.

„Заклучно со 5 октомври вкупно се вакцинирани 792.174 граѓани, ревакцинирани се 740.822, а трета доза примиле 499 граѓани“, соопшти министерството.

Оттаму додаваат дека 53 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.