Економија Две белгиски компании ќе инвестираат во Македонија

Две белгиски компании ќе инвестираат во Македонија

Две компании од Белгија, од текстилниот и од секторот логистика, се заинтересирани да инвестираат во Македонија, информираа од Агенцијата за странски инвестиции и за промоција на извозот.

Оттаму најавуваат дека следните денови се очекува компаниите да излезат со официјално соопштение.

Владин тим предводен од министерот за финансии, Зоран Ставрески, учествуваше на бизнис-форум во Белгија, на кој присуствувале повеќе од 100 белгиски компании од автомобилската индустрија, логистиката, ИТ-секторот, прехранбената и од текстилната индустрија.