Хроника Двајца застрелани при обид да ограбат менувачница во Кисела Вода

Двајца застрелани при обид да ограбат менувачница во Кисела Вода

Две лица се убиени при вооружена пресметка во менувачница во скопската населба Кисела Вода.

Неофицијално, двете лица се убиени при обид да ограбат менувачница, која е лоцирана на булеварот Борис Трајковски, кај Чешма во Кисела Вода.

Според првичните информации, лицето во менувачницата најверојатно извадило оружје и ги убило разбојниците.

Пред менувачницата во моментов има големо полициско обезбедување и три амбулантни возила.