Свет Двајца загинати при уривање на покрив на дискотека во Чиле

Двајца загинати при уривање на покрив на дискотека во Чиле

Две лица загинаа, а 12 се повредени откако се урна дел од покрив на дискотека во чилеанскиот главен град Сантијаго, соопштија чилеанските власти.

Во дискотеката, за време на инцидентот, имало концерт на британска панк-група. Уривањето на покривот создал паника кај присутните, кои во стампедо се обиделе да побегнат од дискотеката.

Првите податоци од истрагата укажуваат дека пренатрупаноста на дискотеката во моментот на катастрофата веројатно била причина за уривање покривот.