Хроника Двајца разбојници му го украле возилото на кавадаречки таксист

Двајца разбојници му го украле возилото на кавадаречки таксист

Двајца разбојници вчера во Прилеп нападнале такси-возач и, заканувајќи му се со нож, му го украле возилото, информираат од МВР.

Според полицијата, настанот се случил околу 22.30 часот, кога двајцата патници физички го нападнале такси-возачот А.К. (29), кој ги превезувал од Кавадарци до Прилеп, и заканувајќи му се со нож, насила го исфрлиле од возилото, марка „шкода“, а потоа со автомобилот заминале во непознат правец.

Возачот го пријавил случајот во полиција, чии екипи привеле две лица кои се осомничени за нападот и за кражбата на возилото.

Во тек се мерки за целосно расчистување и за документирање на случајот, информираат од полицијата.