Хроника Двајца повредени во сообраќајка во Кочани

Двајца повредени во сообраќајка во Кочани

Двајца се тешко повредени во сообраќајната несреќа што се случи вчера во 11.30 часот во Кочани, на улицата Димитар Влахов.

Возило „сеат леон“ со кочански регистарски таблички, управувано од К.П. (28) од Кочани, се судрило со „пежо 406“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.Ј. (66) од селото Чешиново и со „форд ескорт“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.Т. (48) од Кочани.

Во незгодата, тешки телесни повреди добиле Б.Т. и Т.Ј. Лекарска помош им е укажана во ЈЗУ – Кочани, по што биле препратени во Клинички центар Скопје на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица Кочани.